Врз основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.32/20), член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02) и член 51 точка 8 од Статутот на Општина Демир Капија (Сл.гласник на општина Демир Капија бр.8/97) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2022 година со Одлука бр. 08-836/16 од 28.12.2021, Програма за измена и дополна на годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2022 година со Одлука бр. 08-278/11 од 15.04.2022 година и Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година со Одлука бр. 08-960/11 од 26.12.2022 од Советот на Општина Демир Капија, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по
НАЦРТ ПЛАН – ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ДЕЛ ОД
БЛОК 12 ОПФАТ 1, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
Границата на планскиот опфат Измена и дополнување на ДУП, за дел од Блок 12 -Опфат 1, Општина Демир Капија, (2022 – 2027), е затворена полигонална линија, и започнува од станбената ул. „Јане Сандански” на север, каде што истата се протега кон исток, како станбено-пристапна улица, потоа на дел се симнува јужно и повторно продолжува кон исток се до вкрстувањето со станбената ул.„Маршал Тито”, на источната страна кон југ се движи од станбената ул.„Маршал Тито” се до вкрстувањето со собирната ул.„1″, собирната ул.„1″ се протега на северната страна, а се движи кон запад се до вкрстувањето со станбената ул. „Јане Сандански”. Станбената ул. „Јане Сандански” од вкрстувањето се движи кон север, се до местото каде што започнува планскиот опфат.
Површината на опишаниот опфат изнесува П=1.3ха (13935.26m2)
Јавната анкета и јавната презентација по Нацрт план – Измена и дополнување на ДУП за дел од блок 12 – опфат 1, Општина Демир Капија, плански период 2022-2027, ќе се спроведе со излагање на нацрт планот во просториите на Општина Демир Капија.
Јавната анкета ќе трае во периодот од 27.02.2023 до 31.03.2023, а јавната презентација, односно стручното презентирање ќе се одржи на 22.03.2023 во просториите на Општина Демир Капија со почеток од 13:00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Лазар Петров