Организирање на јавна дебата по проект Проширување на улично осветлување со примена на фотоволтаичен систем за јавно осветлување

Врз основа на член 50 став 16 од Законот за локална самоуправа (Сл весник на РМ бр.5/2002), Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна дебата по Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), предвиден во компонента 1(а) Инвестиции за енергетска ефикасност во општините

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СО ПРИМЕНА НА ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општина Демир Капија, како сопственик на Системот за Улично Осветлување (СУО), ја има одговорноста за одржување и подобрување на системот за улично осветлување. 

Со реализација на Потпроектот „ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СО ПРИМЕНА НА ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ“ предвидено е поставување на 185 самостојни улични светилки со примена на фотоволтаични системи за јавно осветлување.

Потегот кој се опфаќа со овој Потпроект ги вклучува следните локации во Демир Капија:

  • Обиколница – 68 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 9 метри висина.

(Насип од ЈКП Бошава до клучката кај хотел Вердисо)

  • Нов мост и Улица 3 – 15 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 9 метри висина
  • Градски парк – 44 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 6 метри висина
  • 11ти Октомври – 15 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 9 метри висина
  • Првомајска (булевар на виното) – 35 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 9 метри висина
  • Илинденска – 6 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 6 метри висина.
  • Гоце Делчев – 2 самостојни улични столбови со светилки со фотоволтаични панели и 6 метри висина.

Јавната дебата за Потпроектот „ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СО ПРИМЕНА НА ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ“, ќе се спроведе со излагање на Потпроектот во просториите на Музејот на вино во Демир Капија.

Јавната дебата со стручно презентирање на Потпроектот ќе се одржи на ден 04.02.2022 година во 12:00 часот. На споменатиот датум заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Потпроектот можат да се произнесат со свои забелешки, предлози и мислења.


Skip to content