Соопштение 16.03.2020

Почитувани сограѓани, Градоначалникот информира дека прием на граѓани ќе се врши доколку е неопходно по претходно најавена посета во службите на телефонскиот бр. 043-364-100. Апелираме да се избегнуваат собири на млади лица на јавните места и да се почитуваат препораките од надлежните.

Формиран е мобилен тим за помош на стари лица и лица со попреченост кои имаат потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, а се со цел да не остварува непосреден контакт со други лица и се изложи на дополнителна опасност. Контакт лица од тимот се: Спасе Симонов Тел. 072-269-977 Живко Шипинковски Тел. 072 -269-905

Апел да се почитуваат препораките од Министерството за здравство на РСМ. Се препорачува на сите такси превозници на подрачјето на Општина Демир Капија да ги дезинфецираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај а такси возачите да користат лична заштита.

Во пазарниот ден, односно Сабота во Демир Капија нормално ќе функционира пазарот со препорака да се спречат поголеми собири на граѓаните и истите да не се задржуваат подолго време во објектот од пазарот. Да се изврши дезинфекција и чистење на пазарот и тезгите а воедно и се забранува влез со возило на пазарот.

Се започнува акција за миење и дезинфекција на улиците и јавните површини на општина Демир Капија. Локалната самоуправа ќе помогне во однос на средства за дезинфекција и на другите органи на општината. Да се сведат на минимум посетите кај Приватните здраствени установи и посетите да се вршат само за итни случаеви.

Уште еднаш сакаме да упатиме Апел да не се паничи и да се избегнуваат големи собири од страна на граѓани, во продавниците во населените места-селата во општина Демир Капија. МВР, ОВР-Неготино ќе ја следат состојбата со ангажирање на патролни служби и ќе има засилени мерки и контроли за сузбивање на поголеми групи по излетнички места и сл. Но и ќе ја следат состојбата при влез на возила и граѓани во општината.

Skip to content