Се известуваат сите физички и правни лица од општина Демир
Капија дека општина Демир Капија покренува иницијатива за
прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и
признанија за 2020 година.
- Иницијатива за доделување на награда “7-ми Ноември” и
признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина
Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата
содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите
кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите
остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на
Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација
во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието,
културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната
средина и природата, како и во други области.
Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително
мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за
награда “7-ми Ноември” или признание. - Наградата “7-ми Ноември” се доделува на поединци, група
творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани,
за особено значајни остварувања од интерес на општината. - Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот,
унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија. - Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир
Капија, преку архивата на општина Демир Капија на адреса на ул.11-ти
Октомври бб Демир Капија најдоцна до 30 Октомври 2020 година.
Општина Демир Капија,
Градоначалник Лазар Петров