Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по ПРЕДЛОГ ПЛАН – ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДРЕН (ЛОКАЛИТЕТ ДОШНИЦА), ВО ДЕМИР КАПИЈА

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 точка 8 од Статутот на Општина Демир Капија, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година со Одлука бр. 08-960/11 од 26.12.2022 година, од Советот на Општина Демир Капија, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по
ПРЕДЛОГ ПЛАН – ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДРЕН (ЛОКАЛИТЕТ ДОШНИЦА), ВО ДЕМИР КАПИЈА

 

Границите на опфатот се:  На север – граничи со улица „7“, на запад – граничи со улица „6“ и крак на улица „1“, на југ – граничи со улица „1“, на исток – граничи со река Дошница.

Опфатот е со површина од 5,29 ха.

Јавната анкета и јавната презентација по Предлог план – Измена и дополна на Урбанистички план за село Дрен (Локалитет Дошница), во Демир Капија, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Демир Капија.

Јавната анкета ќе трае од 05.01.2024 до 12.01.2024, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 09.01.2024 година во 14:00 часот во просториите на Општина Демир Капија.

ГРАДОНАЧАЛНИК,
Лазар Петров

 

Skip to content