Соопштение За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3-Гробишта на КП.Бр.582, КО Корешница, Општина Демир Капија

УП I 10-263 
11.01.2024

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2024 година донесена со одлука бр.08-919/13 од 28.12.2023, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното

 

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на 
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3-Гробишта на КП.Бр.582, КО Корешница, Општина Демир Капија

 

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3-Гробишта на КП бр.582, КО Корешница, Општина Демир Капија со тех.бр.03-276/22 од октомври 2023, изработен од дооел ,,НИМАЕР’’ – Струга – д.е.Скопје.

Член 2

Проектниот опфат ја зафаќа катастарската парцела КП бр.582 КО Корешница, Општина Демир Капија и истиот се наоѓа во непосредба близина на селото Корешница.
Со урбанистичкиот проект, се дефинираат граници на градежната парцела, како и сите урбанистички, архитектонски и комунални параметри за изградба на објекти според дефинираната намена Д4.3 – гробишта.

Член 3

Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3-Гробишта на КП бр.582, КО Корешница, Општина Демир Капија со тех.бр.03-276/22 од октомври 2023, изработен од дооел ,,НИМАЕР’’ – Струга – д.е.Скопје се спроведува електронски, со објавување на соопштението и урбанистичкиот проект на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk.

Сите забелешки, предлози и сугестии може да се достават на анкетен лист даден во прилог на ова соопштение.

Јавниот увид трае 15 (петнаесет) дена, во периодот од 12.01.2024 до 26.01.2024, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Општина Демир Капија.

 

Градоначалник
Лазар Петров

 

УП вон опфат за со намена Д4.3-Гробишта на КП.Бр.582, КО Корешница, Општина Демир Капија

Соопштение за јавен увид на урбанистички проект

Анкетен лист за јавен увид

Skip to content