Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода – град дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на општина Демир Капија секој работен ден од 08:30 до 13:00 часот, во период од 01.07.2022 година (петок), до 11.07.2022 година (вторник).
Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист.