Соопштение за јавна презентација по Извештај за стратегиска оцена на животната средина

С О О П Ш Т Е Н И Е

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 и 99/18), како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 147/11), Министерот на Министерството за транспорт и врски организира

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Државна урбанистичко-планска документација за изградба на бензиска пумпна станица со пратечки објекти на делови од КП 171/2, 171/3, 2000/1, 2000/4 и 1995, КО Демир Капија, општина Демир Капија

Skip to content