Соопштение за организирање на стручна расправа на Конечен предлог план – Генерален урбанистички план за град Демир Капија, Општина Демир Капија

арх.бр.10-17/2
од 02.01.2024

Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02) и член 55 од Статутот на Општина Демир Капија (Сл.гласник на Општина Демир Капија 8/2005) Градоначалникот на Општина Демир Капија донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на стручна расправа на Конечен предлог план – Генерален урбанистички план за град
Демир Капија, Општина Демир Капија

Се организира стручна распрaва на Кoнечен предлог план – Генерален урбанистички план за град Демир Капија, Општина Демир Капија со технички број В1119 од декември 2023, изработен од Агенција за планирање на просторот, односно ДПУП Урбанизам ДОО Битола. Границата на планскиот опфат на ГУП Демир Капија е дефинирана како граница на урбаното подрачје на градот Демир Капија и зафаќа површина од 204,078 ha и се протега во границите помеѓу:

  • на север и исток граничи со трасата на новиот автопат А1 Скопје – Гевгелија
  • на запад по катастарски парцели, сообраќајница, граничи со плански опфат на план за земјоделско стопанство, УПВНМ за индустриска зона „Попова Кула“, м.в. Долна Ергела, и УПВНМ за спорт и рекреација Лагот и Куријте
  • на југ, границата се движи по граници на катастарски парцели и границата на опфатот на актуелниот ГУП
  • на југоисток граничи со коритото на Река Вардар
  • на исток граничи со коритото на реката Вардар и појасот на магистралниот пат – автопат Е-75 – А1

 

Соопштението за организирање стручна расправа ќе биде објавено на огласната табла на Општина Демир Капија, на веб станата на Општина Демир Капија, во информацискиот систем е-урбанизам и во две јавни гласила.

Стручната расправа ќе се одржи на 10.01.2024 година во просториите на Општина Демир Капија со почеток од 14:00 часот.

Конечен предлог план – Генерален урбанистички план за град Демир Капија, Општина Демир Капија ќе биде изложен во просториите на Општина Демир Капија ул.,,Маршал Тито’’ бр.15 Б Демир Капија.

Заинтересираните граѓани и правни лица можат да достават забелешки, сугестии и предлози по нацрт планот, најдоцна во рок од пет работни дена од одржувањето на стручната расправа, односно до 18.01.2024 година.

Градоначалник
Лазар Петров

 

ГУП Демир Капија – книга 1

ГУП Демир Капија – книга 2

ГУП Демир Капија – книга 3

Соопштение

Анкетен лист

 

Skip to content