Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината.
Советот на Општина Демир Капија го сочинуваат 9 члена избрани на општи, непосредни и слободни избори.
Членовите на Советот се избираат за време од четири години. Членовите на Советот ги претсавуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување.
Надлежност на Советот:
- Го донесува Статутот на општината и други прописи;
- Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
- Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
- Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои го основа;
- Усвојува прогами за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
- Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
- Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
- Ги усвојува извештаите за работата и годишните смеки на јавните служби, кои ги основала општината;
- Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
- Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
- Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
- Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
- Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа најавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
- Врши други работи утврдени со закон
Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.
Раководното лице од ставот (1) точка (12) е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната едница на Министерството за внатрешни работи.