Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година донесена со одлука бр.08-960/11 од 26.12.2022, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП 72, дел од КП 73, дел од КП 74 и дел од КП 75, КО Прждево,
Општина Демир Капија
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП 72, дел од КП 73, дел од КП 74 и дел од КП 75, КО Прждево, Општина Демир Капија со тех.бр.04-75/2023 од септември 2023, изработен од Трговско друштво за проектирање, инженеринг, градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Член 2
Проектниот опфат ги зафаќа катастарските парцели: КП 72, дел од КП 73, дел од КП 74 и дел од КП 75 КO Прждево, Општина Демир Капија. Парцелите се во сопственост на инвеститорот. Проектниот опфат се наога во непосредна близина на селото Прждево оддалечено 3.1 км во северниот дел на КО Прждево. Во границите на проектниот опфат нема никакви градби.
Граници на планскиот опфат се:
-
- на север со КП 71
- на југ поминува низ КП 74 и низ КП 75
- на исток со КП 77 и низ КП 75 и
- на запад со КП 1748, поминува низ КП 73 и низ КП74, со пристапен пат на КП 1748, КО Прждево.
Вкупната површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 6911,90 m2 или 0,69 ха.
Со урбанистичкиот проект, се дефинираат граници на градежната парцела, како и сите урбанистички, архитектонски и комунални параметри за изградба на објекти според дефинираната намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија
Член 3
Јавниот увид на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП 72, дел од КП 73, дел од КП 74 и дел од КП 75, КО Прждево, Општина Демир Капија со тех.бр.04-75/2023 од септември 2023, изработен од Трговско друштво за проектирање, инженеринг, градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се спроведува електронски, со објавување на соопштението и проектот на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk.
Сите забелешки, предлози и сугестии може да се достават на анкетен лист даден во прилог на ова соопштение.
Јавниот увид трае 15 (петнаесет) дена, во периодот од 14.10.2023 до 28.10.2023, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Општина Демир Капија или електронски на www.e-urbanizam.mk.
Градоначалник
Лазар Петров