Јавен увид на УП вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцелa ГП1

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година донесена со одлука бр.08-960/11 од 26.12.2022, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното  

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани   на КП 885, КП 886, дел од КП 881, дел од КП882 и дел од КП883, КО Прждево, 

Општина Демија Капија

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 885, КП 886, дел од КП 881,дел од КП882 и дел од КП883, КО Прждево, Општина Демија Капија со тех.бр.04 214/2022 од април 2023, изработен од Трговско друштво за проектирањ, инженеринг, градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. 

 

Член 2

Проектниот опфат ги зафаќа катастарските парцели КП 885, КП 886, дел од КП 886, дел од КП 881, дел од КП 882, дел од КП 882 и дел од КП 883 КO. Прждево, Општина Демир Капија. Парцелите КП882 и КП883 се во сопственост на инвеститорот, а останатите на РМ. Проектниот опфат се наога во непосредна близина на селото Прждево одалечено 1.3 км во северозападниот дел на КО Прждево која граничи со КО Тремник. Во границите на проектниот опфат нема постојни градби.

Граници на проектниот опфат се:

– на исток – КП 1586, КП 888, КП 887, поминува низ КП 883 и поминува низа КП 881, КО Прждево

– на запад – КП 1591, поминува низ КП 882, поминува низ КП 883, поминува низ КП 881, КО Прждево

– на север – КП 1590, КО Прждево

– на југ – КП 1751, КО Прждево

Вкупната површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 13002.8912 м2 (1,30 ха).

Со урбанистичкиот проект, се дефинираат граници на градежната парцела, како и сите урбанистички, архитектонски и комунални параметри за изградба на објекти според дефинираната намена Е1.13 Површински соларни фотоволтаични електрани.

 

Член 3

Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани   на КП 885, КП 886, дел од КП 881,дел од КП882 и дел од КП883, КО Прждево, Општина Демија Капија со тех.бр.04 214/2022 од април 2023, изработен од Трговско друштво за проектирањ, инженеринг, градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се спроведува електронски, со објавување на соопштението и проектот на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk

Сите забелешки, предлози и сугестии може да се достават на анкетен лист даден во прилог на ова соопштение. 

Јавниот увид трае 15 (петнаесет) дена, во периодот од 26.05.2023 до 09.06.2023, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Општина Демир Капија.

 

Градоначалник

Лазар Петров

 

Skip to content