Јавен увид на УП вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцелa ГП2

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2023 година донесена со одлука бр.08-960/11 од 26.12.2022, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното  

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП2 со основна класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на  дел од КП 881, дел од КП 882 и дел од КП 883, КО Прждево, Општина Демир Капија

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП2 со основна класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на  дел од КП 881, дел од КП 882 и дел од КП 883, КО Прждево, Општина Демир Капија со тех.бр.04 215/2022 од април 2023, изработен од Трговско друштво за проектирањ, инженеринг, градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. 

Член 2

Проектниот опфат ги зафаќа катастарските парцели: дел од КП 881,дел од КП 882 и дел од КП 883 КO. Прждево, Општина Демир Капија. Парцелите КП 882 и КП 883 се во сопственост на инвеститорот, додека пак парцелата КП 881 е во сопственост на РМ. Проектниот опфат се наоѓа во непосредна близина на селото Прждево оддалечено 1.3 км во северозападниот дел на КО Прждево и која граничи со КО Тремник. Во границите на проектниот опфат нема никакви градби.

Граници на проектниот опфат се:

– на исток – поминува низ КП 881 и поминува низ КП 883 КО Прждево

– на запад – КП 1591, КП 1592/1 и КП 1594/2, КО Прждево

– на север – поминува низ КП 882 и поминува низ КП 883, КО Прждево

– на југ – КП 1751, КО Прждево

Вкупната површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 9238,3416 м2 (0,92 ха).

Со урбанистичкиот проект, се дефинираат граници на градежната парцела, како и сите урбанистички, архитектонски и комунални параметри за изградба на објекти според дефинираната намена Е1.13 Површински соларни фотоволтаични електрани.

Член 3

Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП2 со основна класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на  дел од КП 881, дел од КП 882 и дел од КП 883, КО Прждево, Општина Демир Капија со тех.бр.04 215/2022 од април 2023, изработен од Трговско друштво за проектирањ, инженеринг, градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се спроведува електронски, со објавување на соопштението и проектот на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk.

Сите забелешки, предлози и сугестии може да се достават на анкетен лист даден во прилог на ова соопштение. 

Јавниот увид трае 15 (петнаесет) дена, во периодот од 26.05.2023 до 09.06.2023, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Општина Демир Капија.

 

Градоначалник

Лазар Петров

 

Skip to content